Жена која се приближува до 6-тата деценија, а изгледа двојно помладо: Никогаш не отишла „под нож“, младоста ја должи на овие едноставни трикови

Добивај вести на Viber

Бидејќи стареењето е неизбежно и го чека секој човек, постои начин да се забави тој процес. Една искусна инфлуенсерка неодамна ги сподели нејзините трикови

Инфлуенсерката Ерин Базби откри дека има речиси 50 години, но има неколку многу едноставни совети како да изгледате 10 години помладо.

Таа објави видео на „YouTube“ во кое вели: „Денес ќе ви кажам за неколку едноставни и лесни совети за убавина кои можат да направат да изгледате помлади. Навистина верувам во моќта да изгледате добро, кога изгледате добро се чувствувате добро и тоа е толку моќно. Вие сте подобра сопруга, мајка, сестра и пријателка. Тоа влијае на тоа како се чувствувате одвнатре“.

Таа потоа додаде дека жената ќе изгледа помлада ако нејзината коса е сјајна. Таа рече: „Ако вашата коса е навистина сува и кршлива, таа ќе ве остари. Јас го користам ова и тоа ја прави мојата коса сјајна и здрава“.


Ерин рече дека проретчената коса може да направи да изгледате постаро, па нејзиниот четврти совет е за да ја направи вашата коса погуста. Таа вели: „Можете да пробате екстензии за коса и јас сакам да користам спреј за волумен. Чувајте ја вашата коса со иста должина, така ќе изгледа пополна“. Друг совет за косата е да ја соберете во реп: „Изгледа младешки. Повлечете ја косата во опавче и ќе постигнете младешки изглед“.

Би требало да имате и густи веѓи: „Ако сте од оние жени кои ги кубат или депилираат, нека бидат кратки“. Можете да ги затемните ако имате светли веѓи, ако ги обоите ќе изгледаат погусти и пополни“.

Следниот совет беше за пудрата: „Избегнувајте тешк пудра, ставете лесна пудра“. Прајмерот ќе го измешам со CC кремот и малку ќе ми ја покрие нерамномерноста на тенот, но вистинската кожа сепак ќе ми блеска. Тоа е клучно во процесот на стареење. Сакате да биде природно, но покријте го руменилото.“ Ерин советува и да користите прајмер за очните капаци.

Нејзиниот втор совет беше за усните, па како може да се сокријат линиите што ги добивате на горната усна како што стареете. Ерин рече дека нејзиниот последен совет е исто така најважен - да се користи крема за сончање секој ден, пишува „The Sun“.

Извор: stil.kurir.rs