,

Жена ми повеќе не ме привлекува: Не сакам секс со неа затоа што се здебели

фото:pixabay.com

Дали љубовта навистина има врска со физичкиот изглед? 

Овој човек одлучи да сподели проблем што го мачи со месеци.

Авторот на оваа исповед е анонимен и тој искрено зборува за проблемот што ги наруши неговиот брак и врската со неговата сопруга.
Таа се здебели, а тој повеќе не може да замисли да биде интимен со неа поради тоа.

„Седам овде и се обидувам да мислам на најдобриот начин на кој ќе се изразам - затоа што нема правилен начин.
Тоа не е нешто што сакам да го кажам, но, сакам да бидам искрен.
Жена ми повеќе не ме привлекува. Не сакам секс со неа затоа што таа повеќе не изгледа како на почетокот на врската. Кога се сретнавме, таа беше витка, а потоа килограмите почнаа да се качуваат. Тоа не е нешто што луѓето лесно го споделуваат. Се чувствувам како да ја изневерив, но така стојат работите.

Тоа не е она што таа го заслужува. Таа е добра жена. Прекрасна жена. Подобра личност од мене. Но, тоа веќе не ме привлекува. Ја сакам нејзината насмевка, нејзиниот карактер, нејзината топлина и мудрост, но мислам дека почнувам да ја сакам како пријателка, а не како жена.

Можеби ако бевме во брак 20 години, ќе беше поразбирливо и поприфатливо, но ние се венчавме пред пет години, таа е во средината на триесеттите години, а јас во доцните триесетти години.

За време на овие 5 години, таа премина од жена со средна градба, број 38, во број 48, и нема промена на повидок. Чувствувам дека е несреќна и дека храната е нејзина утеха. Свесен сум и дека придонесов за нејзиното незадоволство, но не можам да разберам како некој си дозволи толку многу да се промени.

Дали љубовта навистина има врска со физичкиот изглед? Дали сум толку плиток и површен? Или јас сум само маж? Со денови размислував за тоа. Зарем не постои непишано правило во партнерствата дека партнерите мора да се стремат и трудат да останат привлечни едни на други?

Таа знае како се чувствувам, иако секако никогаш не ѝ го кажав тоа. Може да го види тоа на начинот на кој јас ја гледам. Тоа може да го прочита од нашиот нарушен, едвај постоечи сексуален живот.

Сакам жена ми да ослаби, не можам да го променам начинот на кој работи мојот мозок. Сакам сопругата да биде здрава, самоуверена и среќна, да биде горда на својот изглед.“

Дами, кој е Вашиот став, што би направиле во ваква ситуација?


извор:24sata.hr

-Др. Несторовиќ тврди: Жената треба да е малку луда, да ви го нагризува црниот дроб
-Класичните венчаници стануваат минато: Наместо бел фустан од бајките, инфлуенсерка се омажи во костим
-Познат психихолог открива: Задоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или изневерување