Жените од Јужна Кореја ќе нѐ надживеат сите: Што е нивната тајна?

Добивај вести на Viber

Жените кои се родени во Јужна Кореја во 2030 година ќе бидат првите во светот кои просечно ќе живеат над 90 години, вели новото истражување.

И други шест земји не се многу позади нив. Франција, Јапонија, Австралија, Канда, Чиле и Велика Британија е многу веројатно дека ќе имаат просечен животен век кој ќе преминува над 85 до 2030 година, според истражувањето направено од  „Imperial College London“ и Светската Здравствена Организација, за животот во идина на 35 земји.

Истражувањето, објавено во медицинскиот весник „The Lancet“, предвидува дека границата на просечниот животен век ќе продолжи да се намалува во повеќето земји.

Во истражувањето, кое користи 21 различен модел за истражување на траењето на животот, во Јужна Кореја жените родени во 2030 година имаат 57% шанса да живеат над 90 години, додека 97% најверојатно ќе живеат над 86 години.

Тоа е така бидејќи според мерењата, тие би имале помал просечен број на масен индекс и крвен притисок за разлика од другите земји.

Храна која го продолжува животот

Долгиот животен век се должи на исхраната во Јужна Кореја, особено на порцијата „kimchi“ базирана на ферментиран зеленчук- вообичаено зелка, што има многу пробиотици и витамини А и Б.

Други фактори кои влијаат врз зголемување на границата вклучуваат едукација за исхрана, економски и социјален статус, намалување на сообраќајните несреќи (зголемување на сообраќајната култура и едукација), превенција од болести со кои би преживеале сериозни заболувања кои предизвикуваат смрт.

Жените се доближуваат до просечниот животен век на мажите 

Разликата меѓу просечниот животен век на мажите и жените почнува да се стаснува. Иако мажите имаат поголеми ризични животни фактори, како пушење и кардиоваскуларни болести, животниот стил на жените станува сѐ повеќе како оној на мажите и се очекува дека просечната животна граница во секоја земја ќе оди во надолна линија до 2030 година.

Вакви примери има во Мексико, каде животната граница на жените е полоша од мажите, како и во Чиле, Франција и Грција каде двата пола имаат слична животна граница.


Извор: www.weforum.org