Згодната прилепчанка Оливера Ѓоргоска во секси неодоливо издание на најпознатиот музички фестивал „Коачела“
Макеонската пејачка од Прилеп, Оливер Ѓоргоска пред неколку години се пресели во Америка поради надградба на музичкото образование.
Оливера има и американско државјанство што и овозможува и долгорочен престој.
Активна е на Интаграм и постојано објавува фотографии како се забавува и ужива во животот.
Не ги пропушти ниту големите настани Супер Боул, кошаркарски натпревари, фестивали каде има можност да биде во друштво на големите светски ѕвезди како Шекил О’ Нил и Селин Дион.
Во овој период од годината се одржува и познатиот фестивал за музика и уметност во долината „Коачела“. Фестивалот започна во петокот, а настапите продолжија и во текот на викендот.
Оливера го посети фестивалот со нејзините пријателки и уживаше во настапите на познатите ѕвезди. Облечена во бела комбинација со кусо здолниште и подврзана бела кошула, соодветна модна комбинација надополнета со високи чизми.
„Коачела“ е меѓу најпознатите и најпрофитабилните музички фестивали во светот, бидејќи го постави рекордот за најпрофитабилен фестивал во 2017 година кога заработи над 114 милиони долари, според Билборд.
Како и секоја година , фестивалот и оваа беше преполн со познати личности, од изведувачи како Доџа Кат до присутните како Тејлор Свифт, Тревис Келче, Парис Хилтон, Шакира, Александра Амбросио, Ајс Спајс и други.
Многу од ѕвезди се одлучиле за храбар изглед на фестивалот, без разлика дали се на сцената или во толпата.
Хедлајнерката Лана Дел Реј го започна викендот на Коачела со сонлив сет исполнет со хитови во кој беа прикажани песни како „Summertime Sadness“ и „Doin' Time“. Ова го означи враќањето на Дел Реј на сцената на „Коачела“ за прв пат по една деценија.
На овој фестивал се случи ветеното обединување со Гвен Стефани и нејзиниот бенд No Doubt, бидејќи тие се појавија на сцената за прв пат од 2015 година.
Фото: Инстаграм
На иста маса со Шекил О'Нил: Прилепчанката Оливера позира со славниот кошаркар (ФОТО)