Актуелно // Жолта минута
„Зима, зима - е, па што ако е зима“: Северина на сред јануари позира во бикини, од глетката застанува здив
- 16 Јануари, 2024
Таа покажа како ѝ пркоси на зимата
Пејачката Северина Вучковиќ по новогодишните празници реши да направи мала пауза и да замине на одмор.
Хрватската ѕвезда ужива во Тајланд во друштво на својот пријател и соработник Давор.
Како го поминува времето, пејачката редовно објавува на Инстаграм, а сега воодушеви со фотографии од базен.
Таа позираше во костим за капење, а во преден план беа нејзините бујни гради и рамниот стомак.
- Зима, зима - е, па што ако е зима, не е лав! – порача таа во описот под фотографијата.
„Најубавата жена на светот“, „Честитки“, „Уживаш“, се дел од коментарите за изгледот на Северина.
Foto: Instagram/severina