Знаци кои откриваат дали ќе доживеете длабока старост
За да имате долг и здрав живот, покрај здравјето неопходни се и други важни фактори кои, според некои истражувања, се пресудни дали ќе доживеете длабока старост
Имате многу пријатели
Времето кое го поминуваме со драги личности може да ни даде позитивен дух, но исто така нашите пријатели можат да ни го продолжат животот. Луѓето кои имаат повеќе пријатели имаат поголеми можности да ја дочекаат 100-тата година.
Вашата мајка е млада
Децата кои ги родила млада мајка може да живеат многу долго. Истражувањата на Универзитет во Чикаго покажале дека луѓето кои ги родила мајка помлада од 25 години имаат поглеми шанси да ја дочекаат длабоката старост.
Не сте себични
Дали волонтирате во слободно време? Доколку да, секоја чест. Со волонтирањето може да придонесете светот да биде подобро место за живот, а со тоа и да живеете подолго.
Богати сте
Не е изненадување дека богатите имаат повеќе пари за здрава храна и теретана. А доколку имаат потреба за лекување, може да си го дозволат најдоброто лекување.
Брзо одите
Почнете веднаш брзо да одите. Дури и мала промена во пешачењето може да придонесе за вашето здравје.
Не сте ТВ зависник
Докажано е дека гледањето телевизија може да ви го скрати животниот век. Така да, ако поминувате подолго време пред ТВ, заменете ја оваа навика со пешачење.
Имате мачка
Вашата мачка може да биде важен фактор да за живеете 100 години. Мачките го намалуваат стресот кој може да доведе до срцев удар.
Сакате да пеете
Пеењето позитивно влијае на грлото, мускулите на грбот и стомакот. Пеењето го зајакнува имунитетот и ја намалува депресијата.
Позитивни сте
Луѓето кои имаат цели во животот, ќе живеат подолго.