Зорица Брунцлик за нејзиниот брак со Кемиш: Јас сум мудра жена, молчам кога треба (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Бракот на пејачката и хармоникашот трае цели 36 години, а таа сега ја откри тајната на нивното совршено функционирање.

Пејачката Зорица Брунцлик и хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш си ветија вечна љубов уште во 1985 година, и двајцата имаат бракови зад себе, Кемиш еден,  Зорица два. Нивната љубов ги издржа сите препреки повеќе од три децении, а во интервју за 24седам, пејачката ја открива тајната на нејзиниот хармоничен брак.

Како што вели таа, има падови во секој брак, но таа секогаш била мудра, па правела рамнотежа, кога да каже нешто, кога да молчи, а тоа е всушност клучот за успешна врска, велки Зорица, а сега нивниот најголем проблем е играње друштвени игри.

- Се убиваме околу картите. Кога играме карти, тој сака да победи по секоја цена, вели таа и додава:

- Мојот брак е како и секој друг, но јас сум мудра жена. Молчам кога треба да молчам и зборувам кога треба да кажам нешто. Тоа е она што го одржува мојот брак и добивам сè што сакам (се смее). Животот е толку минлив... до вчера бев на твоја возраст, сега ќе имам 66 години за три месеци, а потоа сфаќаш дека не треба да трошиш енергија на некои глупости, туку на она што е убаво - изјави Зорица Брунцлик.

Зорица и Кемиш очигледно се вистински пример за брак во кој страста, љубовта и емоциите сè уште се присутни, дури и по 36 години.

Да потсетиме, имаше шпекулации дека Зорица и Кемиш се пред развод, но пејачката остро го демантираше тоа и им даде до знаење на сите дека нејзиниот брак со Кемиш не може да биде нарушен.

Целиот разговор со Зорица за нејзиниот брак со Кемиќ погледнете го подолу:


(ФОТО) Модерна дама: Како изгледа ќерката на Зорица Брунцлик

Нема да ја препознаете: Како изгледаше Зорица Брунцлик пред да ја обои косата во розово