Зошто се чувствуваме тажни во август?
Стивен Ферандо, директор на психијатриската болница Westchester Medical Centеr, за магазинот „Њујорк“ вели: Августовскиот блуз е нешто како кошмар на неделниот блуз“. Тој го опишува феноменот на промена на чувствата во август кој се јавува кај помал процент од луѓето, а го дефинира како сезонско афектно нарушување.
- За да имате промена на расположението, морате да имате најмалку две недели прилично постојани симптоми кои не се подобруваат. Меѓутоа, доколку вистинското сезонското афектно нарушување не може да се дефинира, постои можност од кратки верзии на истото - појаснува Ферандо.
И додека обично оние кои патат од сезонска депресија, своите симптоми ги забележуваат во зимските месеци поради недостаток од изложеност на дневна светлина, август ги носи своите единствени симптоми. На ова најмногу влијаат неколку фактори, како почетокот на учебната година, крајот на годишниот одмор и стравот од празничната сезона која доаѓа.
Рејчел Анунзиато, професорка по психологија на Универзитетот Fordham, вели дека клучот за спречување на негативните емоции всушност е да си дозволиш себеси опуштање последните неколку денови од летото.
- Искористете ги последните денови од одморот не жалејќи се како следи нивниот крај. Пробајте да избегнете разговори кои вклучуваат жалење. Набројте ги сите активности кои сакате да ги направите и уживајте со пријателите - советува таа.