Ѝ беше љубовник на Лејди Ди, се зборуваше дека е татко на Хари: Како денес изгледа поранешниот офицер и што прави (ФОТО)

Поминаа 24 години од трагичната смрт на принцезата Дајана, а британската и светската јавност ги споредува фотографиите на офицерот Џејмс Хјуит (62), поранешен љубовник на никогаш непрежалената Лејди Ди, со слики од принцот Хари.

Големата сличност на војводата од Сасекс со човекот со кого била неговата мајка во петгодишна врска во осумдесеттите години, сè уште го интригираат светот, а многумина веруваат дека тој всушност е татко на Хари, пишува Дејли Меил.

Тој навремено ги демантираше тие обвинувања.
Сепак, тие трачеви сè уште траат и тој вели дека тоа е затоа што такивите озборувања „продаваат весници“.

- Жално момче, нему му беше потешко отколку на мене - рече тој за Хари.

Сега, поранешниот мајор беше фотографиран како влече количка полна со намирници откако го напушти супермаркетот во британскиот град Ексетер.

Ветеран од Заливската војна, кој се приклучил на војската во своите 20-ти години, дури и за набавка на намирници ставил вратоврска на Гардијската бригада.

Името на Џејмс Хјуит стана познато во јавноста во 1991 година, кога неговата тогашна свршеница откри дека таа ставила крај на нивната врска поради аферата меѓу мајорот и принцезата Дајана.


Петгодишната љубовна врска помеѓу принцезата и поранешниот армиски офицер траела од 1986 година, откако тој беше ангажиран да одржува приватни часови за јавање за принцезата.
Откако аферата стигна до јавноста, Џејмс повеќепати беше обвинуван од јавноста дека сакал да направи пари од таа романса бидејќи се обиде да ги продаде љубовните писма што му ги испраќала принцезата.

Во 90-тите години тој беше на работ на самоубиство, а како што и самиот призна во едно интервју во 2011 година, мајката Ширли му го спасила животот, за што е многу благодарен.

После тоа, тој доживеа мозочен удар и денес живее со неговата мајка (92), а заработува за живот со одржување куќи и градини на местото каде живее неговата мајка.

извор:стил.курир.рс
фото:profimedia