3 природни средства за чистење на WC школката: Ефективни, без хемикалиите на „Доместос“ од кои домаќинките се жалат
Повеќето домаќинки почнуваат да чистат од бањата, бидејќи на некој начин, приоритет е таму да е секогаш совршено чисто. Покрај кадата и мијалникот, кои треба да блескаат, тука е и тоалетната школка, за која е императив постојано да биде добро исчистена.
Сепак, чистењето на бањата често знае да биде вистинска болка за домаќинките, бидејќи производите се полни со хемикалии. Јак мирис кој надразнува, како и печење на очите и рацете се само дел од причините поради кои домаќинките одбиваат да користат средства за чистење како „Доместос“, и се одлучуваат за природна алтернатива.
Имено постојат природни средства за чистење кои можете сами да ги направите во Вашиот дом на многу едноставен начин, па воедно да заштедите и пари.
1. Оцет и сода бикарбона
За овој метод на чистење ви треба:
100 гр сода бикарбона
10 капки есенцијално масло
половина чаша бел оцет
Истурете ја сода бикарбоната во тоалетната шолја, а потоа додадете го етеричното масло и оцетот. Водата ќе се пени неколку минути отстранувајќи ги бигорот и дамките. Кога водата ќе престане да пени, пуштете вода.
2. Сок од лимон
Во шише со распрскувач измешајте сок од еден лимон, петнаесет капки есенцијално масло и литар вода. Сè добро измешајте и производот е подготвен за употреба.
3. Домашни шумливи таблети
Сѐ што ви треба е:
150 гр сода бикарбона
50 мл лимонска киселина
1 лажица детергент за садови
калапи за мраз
Измешајте сода бикарбона и лимонска киселина, потоа додадете детергент и измешајте сè заедно. Смесата ставете ја во калапи за мраз и оставете ја да се исуши околу 4 часа. После тоа, извадете ги „коцките“ од садот за мраз и ставете ги во тегла што херметички ќе ја затворите.
Ставете една коцка во тоалетната школка. Почекајте да се стопи, па исчистете со четка и пуштете вода.