45 мудри животни лекции кои посакував да ги знам кога бев млада

Реџина има преживеано навистина многу. Овие животни лекции се напишани од жена која која 18 години сама одгледувала дете, го победила ракот на 41 година и конечно нашла љубов на 45. Според сите стандарди таа постигнала голем успех и импресивна кариера. Затоа, не е изненадувачки тоа што има многу мудрост во нејзините мисли. 

Прочитајте  ги во продолжение. 45 работи на кои ме научи животот:

 1. Животот не е фер, но сепак е добар. 

2. Кога се сомневаш, само направи го следниот мал чекор. 

3. Животот  е прекраток за да си го губиш времето мразејќи некого. 

4. Не се земај себеси премногу сериозно. Никој не го прави тоа.

 5. Плаќајте ги своите кредитни картички секој месец. 

6. Не мора да бидете победник во секоја кавга. Согласете се да не се согласувате.

 7. Плачете заедно со некого. То има полекувачка моќ отколку да плачете сами. 

8. Започнете да штедите за пензионирање уште со првата плата. 

9. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.

 10. Помирете се со вашето минато, за да не ви ја уништи сегашноста. 

11. Сосема е во ред вашите деца да ве видат како плачете. 

12. Не го споредувајте вашиот живот со животот на другите. Немате поим за работите низ кои тие поминуваат. 

13. Ако врската треба да биде тајна, не треба да бидете во неа. 

14. Се може да се смени дур да трепнете. Но, не се грижете за тоа. Животот е таков и тоа не можете да го промените.

 15. Животот е прекраток за долги самосожалувања. Започнете да живеете. 

16. Можете да поминете низ се, ако имате трпение денес. 

17. Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател, пишувајте. 

18. Никогаш не е предоцна да имате среќно детство. Но, второто зависи само од вас и од никој друг. 

19. Кога станува збор за вашите цели, никогаш не прифаќајте „не“ за одговор.

 20. Запалете свеќи, употребувајте ја добрата постелнина, носете убава долна облека. Не ги чувајте за посебни прилики. Денес е добра прилика. 

21. Добро подгответе се, а потоа одете по текот на нештата. 

22. Денес бидете ексцентрични. Не чекајте на староста.

 23. Најважниот орган за секс е мозокот. 

24. Никој нема контрола врз вашата среќа освен вас.

 25. Простувајте им се на сите. 

26. Секоја катастрофа мерете ја според одговорот на прашањето: „Дали ова ќе биде важно за 5 години?“

 27. Не е ваша работа што мислат луѓето за вас. 

28. Времето лечи речиси се. Дајте му време на времето. 

29. Колку и да е добра или лоша ситуацијата, таа ќе се промени. 

30. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе се разболите. Вашите пријатели ќе се грижат. Не се оттуѓувајте. 

31. Верувајте во чуда.

 32. Вашите сакани ве сакаат поради тоа што сте, не поради тоа што сте или не сте го направиле. 

33. Тоа што нема да те убие ќе те направи посилен. 

34. Стареењето ја победува алтернативата – умирањето млад. 

35. Вашите деца имаат само едно детство. Направете го незаборавно. 

36. Излегувајте секој ден. Чудата се насекаде околу вас. 

37. Ако сите ги фрлиме нашите проблеми во еден куп и ги видиме проблемите на другите, веднаш ќе си ги земеме назад нашите проблеми. 

38. Не го размислувајте животот. Живејте го сега. 

39. Ослободете се од се што не е корисно, убаво или позитивно.

 40. Се што навистина е важно на крај е тоа дека сте сакале. 

41. Зависта е губење време. Веќе имате се што ви треба.

 42. Најдоброто допрва доаѓа. 

43. Без оглед на тоа како се чувствувате, станете, облечете се и појавете се. 

44. Ако не прашаш, нема да добиеш. 

45. Животот не е врзан со машна, но сепак е подарок.