6 знаци дека си ја пронашла најдобрата пријателка за цел живот

Наоѓањето најдобар пријател не е лесно. Затоа ако сте среќничка и веќе подолго време имате една пријателка која ви е најдрага, потрудете се да ја задржите. Некои знаци покажуваат како може да знаете дека тоа ќе биде доживотно пријателство:

Ги проверуваш нејзините пораки пред да ги провериш останатите

Имаш многу други непрочитани пораки, но пораката на најдобрата пријателка ќе ја видиш прво и веднаш ќе и одговориш.

Вашите дружби изгледаат најдобро ако немате планови

Сте биле секаде заедно и сте виделе буквално се, но сè уште имате најдобри спомени кога сте дома и гледате телевизија. Или кога сте скокнале на само по еден пијалок - кој се претворил во 5 часа дружење.

Одлуката „дали ти се допаѓа нејзиното момче“ е предолга и претешка

Твојата најдобра пријателка има ново момче? Тоа е прекрасно! Сега, ти се потребни најмалку три дена да го пребараш неговиот Фејсбук профил, како и на сите негови пријатели и семејство... дури после целата истрага може да донесете одлука дали е доволно добар и ќе ја има таа чест да биде момче на твојата најдобра пријателка.

Имате ваш интерен јазик

Тоа е јазик и знаци само вие го разбирате, и не вреди да им ги објаснувате на другите, нема да разберат. 

Веднаш може да и кажеш ако си лута

Нема непотребно одложување или пишување, и бришење и повторно пишување на долги пораки. Знаеш дека нема да се налути ако веднаш и кажеш што мислиш.

Ги менуваш сите планови за твојата најдобра пријателка

Ако твојата најдобра пријателка претрпува раскинување со момчето или има некои други проблеми, ќе се откажеш од се за да бидеш нејзино рамо за плачење.