Ако ме убијат, никој нема да биде поштеден: Има ли Боки 13 докази против државниот врв?

Ќе паднат многу политичари. Имам докази против државниот врв. Сѐ од прва рака. И сѐ оставив на сигурно, на неколку адреси. Ако нешто ми се случи, ќе дојде до политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија. Ова наводно го изјавил Бојан Јовановски во полицијата, пишува српски „Курир“.

Познатиот Боки 13 кој е обвинет за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев, тврди дека има докази против премиерот Зоран Заев и државниот врв.

- Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и тоа се обидете да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачете, злоставувате, убав ви кажувам сега, да не биде после дека не сте знаеле. Во Македонија ќе има политички земјотрес. Никој нема да биде поштеден - наводно кажал на сослушувањето Јовановски, пишува „Курир“.

Фото: Курир.рс