Ако сте во оваа крвна група, комарците за вас се лепат како магнет: Проверете си!

Летото е најчест период кога напаѓаат досадните инсекти - комарците. Засега нема наезди како што имаше изминативе години, иле уште е можеби рано, но секогаш е време да се дадат и прочитаат неколку корисни работи.

Дали знаете која крвна група е „најслатка“ за комарците?

Во која крвна група сте вие?

Во секое друштво, постои личност која е попривлечна за комарците, додека има и такви кои комарците ги избегнуваат.

За што точно станува збор?

Имено, како што тврдат од Универзитетот во Флорида, еден од водечките фактори е вашата крвна група.

За комарците, вашата крвна група е најважна, но не и за мажјаците комарци. Женските комарци зависат исклучиво од протеини од човечка крв, а некои им сè и „повкусни“ од другите.

Така, истражувањето докажало дека луѓето со нулта крвна група се двојно попривлечни од оние со крвна група А.

Додека луѓето со крвна група Б се наоѓале во златна средина.

Исто така, дури 85 проценти од луѓето произведуваат секрет што ја сигнализира нивната крвна група на комарците, поради што тие повеќе ги привлекуваат.


Ефикасни против комарци и мравки: Растенија за дом без инсекти