Ана Бунтеска: чо’ек е богат толку колку што има да даде
чо’ек е богат онолку
колку што има да даде од себе
оти ковчежето со љубов треба да е полно
а не со алтани и скапоцен накит
оти срцето од арнина треба да прелева
не со завист да се пои
а умот со уба’и мисли да се насади
за злото да не му расцути на чо’ек во гла’ата
чо’ек е богат толку колку што има да даде
не да земи, не да зграби
и витвиделија да фати
ниту во себе туѓа уба’а мисла да закопа
туку да си ја отвори душата
да ја постели к’о ливада сред лето
полна полско цвеќе и зеленило
и да ја оста’и незаградена
без да крене жица околу
без да брои кој колку од цвеќето набрал
или колкумина се растрчале по тревата
оста’и си ја душата отворена, пиле
никој не може да ми ти ја земе
никој да ти ја изгази не може
само ти
сама и само ти да си ја испоганиш можеш
ко’ ќе почнеш кусур да фаќаш
на кантар да мериш
и на оние околу да не пазиш
тогаш чо’ек сиромав станува
тогаш џабе се и пари и слава
џабе облека и светкави дреболии
оти сам остануваш
само кога на душата брана ѝ ставаш
без душа остануваш
и на срцето катанец ко ќе му кла’иш
без срце остануваш
и на љубовта цена ко’ ќе ѝ туриш
без љубов остануваш
и ниту една земска работа тука не помага
ниту да те усреќи може
со дупка во градите ќе шеташ
и во црна дупка несреќна ќе заминеш
оти чо’ек е богат... и среќен
само тогаш кога дава
и колку појќе дава
толку е побогат
можеби поосамен
и покревок можеби
ама посреќен
кроток и мил
ликот му се смее
и сиот свети небаре врз гла’ата светилка има
да да’еш за да имаш
ете тука е мудроста
да да’еш за богат да си
за чо’ек да си
и свој да си
олеснет од горделивост
од мерење и премерување
да да’еш без да земаш
без да бараш
оти чоек е богат онолку
колку што има да даде од себе