Бебе во црниот дроб: Шокантно откритие по 14 дена агонија (ВИДЕО)

Педијатарот Мајкл Нарви, од Истражувачкиот институт во детската болница во Манитоба во Канада, откри зачудувачки детали што ги сподели со своите следбеници на Тик Ток. Она што го прикажа на видеото ги шокираше сите, а станува збор за плод на бебе кој беше пронајден во црниот дроб на 33-годишна жена, додека во видеото ги објасни сите детали од овој редок и бизарен случај.

„Мислев дека сум видел сè, но изгледа не е така. Жената дојде со 14-дневна историја на менструално крварење и 49 дена од последната менструација, а она што ѝ го откривме во црниот дроб е - бебе. Имаше вонматерична бременост во црниот дроб. Понекогаш ги гледаме во стомакот, но никогаш во црниот дроб. Мене ова ми е прв пат.“

Докторот го објави контроверзното видео во кое го објаснува своето откритие на профилот на Tik Tok, под името @nicu_musings. 


Хирурзите успеале да го спасат живот на жената, но не и на фетусот.

Според Националниот центар за биотехнолошки информации, случаите на вонматерична бременост во црниот дроб се „исклучително ретки“ . Наведен е случај на 25-годишна жена со 18 недели жив фетус закачен за црниот дроб, која починала од неконтролирано крварење.

Вонматерична или ектопичка бременост настанува кога оплодената јајце клетка е имплантирана надвор од матката, често во јајцеводите и има околу 12.000 вакви случаи секоја година.