Беше тоа настап како и секој друг, а потоа турската пејачка си ја исече косата на сцена и ги поддржа жените во Иран: Аплаузот од публиката експлодира, а видеото е хит на Интернет

Турската пејачка Мелек Мосо си ја исече косата на својот настап во знак на солидарност со жените во Иран кои со денови протестираат во нивната земја поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина откако беше уапсена од иранската морална полиција, бидејќи наводно под шамијата и се гледала малку косат, а тоа се смета за неправилно носење хиџаб кој е задолжителен во оваа земја.

Снимката од настапот на пејачката ја објави на Твитер новинарот Омид Мемариан. Видеото има околу 245.000 прегледи и илјадници лајкови.


Како што напиша Мемариан на оваа мрежа, Мелек си ја исекла косата во знак на поддршка за Иранките. „Ти благодарам, Мелек“, додаде тој.

„Многу инспиративно и храбро“, „Благодарам Мелек, сакаме слобода за сите жени ширум светот“, „Ти благодариме што ни помогна“, гласат дел од коментарите.

Иранките ја шишаа косата во знак на протест инициран од смртта на Махса Амини, која ги започна демонстрациите. Протестот е наречен и женска револуција, чија цел е суштински да ја промени положбата на жените во Иран, давајќи им слобода и права кои им се ускратени со сегашните закони.


Фото и Видео: Твитер

Поврзани вести: 

Вчера ја врза косата и тргна да се бори, денес ја убија: Имаше само 20 години и штотуку стана новиот симбол на женската револуција

Фотографиите на жени во Иран од пред 86 години се реткост! Можеа да носат што сакаат, а вака им беше уништена слободата