Полицијата ја претепала до смрт за неморал, крваво превоспитување: Млада Иранка почина од полициската бруталност

22-годишна девојка почина во иранска болница неколку дена откако беше приведена од страна на режимската полиција за морал, поради наводно непочитување на прописите за хиџаб.

Махса Амини патувала со своето семејство од провинцијата западен Курдистан во Иран во главниот град Техеран за да ги посети роднините кога била уапсена поради наводно кршење на строгите правила за женско облекување во земјата.

Очевидци тврдат дека Амини бил претепана во полициско комбе, што полицијата демантира.

Оваа вест доаѓа неколку недели откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси почна да ги сузбива правата на жените и повика на построго спроведување на задолжителниот кодекс на облекување во земјата, кој бара од сите жени да носат хиџаб од Исламската револуција во 1979 година.

Семејството на Махсе Амини било информирано дека таа била пренесена во болница неколку часа по нејзиното апсење. Таа е префрлена на одделот за интензивна нега во болницата Касра.

Продолжува на Фактор.мк