Бесплатно сместување во Хрватска: Ни требаат повеќе вакви луѓе!

Сѐ уште има добри луѓе! Несебичниот гест на едни изнајмувачи на апартман стана вирален хит на социјалните мрежи

Сопственици на апартман во приморскиот град Умаг, во Хрватска, нудат бесплатно сместување за самохрана мајка која не е во можност да ги однесе децата на море. Терминот е од 22 до 26 август.

- Ве замолуваме да ја споделете оваа објава или ако познавате некој да ни го препорачате. Мајките со деца нека ни се обратат во инбокс - стои во апелот на страницата Green Apartments Istria.

За само еден ден, објавата е шерувана 366 пати, а под неа можат да се прочитат многу позитивни коментари. „Браво за Вас. Навистина убав гест“, е еден од најчестите коментари.