Животна училница // Приказни
Бездомник секој ден барал храна во контејнер: Еден ден го расплака оваа порака!
- 01 Септември, 2019
Бездомник барал храна во контејнерот на еден ресторан. Гостите за тоа му кажале на менаџерот на ресторанот, а тој решил да направи нешто убаво!
Не можел да го игнорира фактот, па му напишал на бездомникот една порака.
„ До личноста која пребарува во контејнерот барајќи нешто за јадење. Ти си човек и за тебе не е храна тоа што ќе најдеш во контејнер. Те молам, влези кај нас во текот на работното време и земи неколку парчиња топло јадење и чаша вода бесплатно. Без никакво прашање.“
Инаку, ова се случило во градот Фарго, во САД. Некој го фотографирал овој напис и го споделил со луѓето на социјалните мрежи. Овој менаџер е вистински херој, зарем не?