Бил Гејтс ќе стане дедо: Неговата наследничка го чека првото дете (ФОТО)

Ќерката на Мелинда и Бил Гејтс го чека своето прво дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер.

Џенифер Гејтс (26) ја објави радосната вест на Денот на благодарноста споделувајќи слика на која е во поодмината бременост. 

Познатата наследничка и нејзиниот три години постар сопруг се венчаа минатата година.


Како што изјави за „Вог“, било тежок предизвик да се организира прославата поради пандемијата и семејните околности, имајќи предвид дека нејзините родители во тоа време веќе биле разведени, по повеќе од две и пол децении брак.

Прославата траела два дена, ја организирал експертот за венчавки Марси Блум, а  чинела околу два милиони долари. Меѓу многуте познати гости беа Кевин Бејкон, Леброн Џејмс и Били Џоел.


ФОТО: Инстаграм