Билјана имаш тумор на панкреас, мораш на итна операција: Потресна исповед на познатата водителка

Насловна фотографија: YouTube printscreen /RTS

Водителката Билјана Обрадовиќ проговори за туморот на панкреас со кој се бореше и истакна дека имала среќа што навреме го открила.

- Туморот на панкреас не е исто што и рак, иако многумина се склони да мислат дека штом слушнат за тумор, тоа е малиген феномен. За среќа, мојата болест не беше малигна - започна Билјана.

Тумор со големина на фудбалска топка

- Тумор со големина од 600 грама, 11 сантиметри - тоа е како фудбалска топка. Кога беше направена анамнезата, видоа дека има бавна 'стратификација', за што велам - Господ навистина ме погледна за да се отстрани во вистинско време, бидејќи да чекавме неколку месеци, немаше да знам во која насока може да се развие- рече таа во емисијата „Одинација“ и ги опиша првите симптоми - заморот кој не ја напуштил, иако живее здрав живот и одржува правилни навики.

- Правилно се хранам, не пушам, не пијам, легнувам околу 22 часот, активна сум физички, одам во теретана, одев и на јога, но последните 7-8 години чувствував постојан умор, немав сила, често бев болна, имам и редовни циклуси кои траат четири дена, но после тие циклуси не можев да закрепнам три недели, како во случаите на анемија, додава таа. Поради овие симптоми, се сметало дека Билјана има хипотироидизам, односно намалена функција на тироидната жлезда.


15 години се лекувала од хипотироидизам, па дури потоа било утврдено дека ја нема!

Професор д-р Никица Грубор и еден познат ендокринолог утврдија дека тироидната жлезда не е вистинската причина за состојбата на Билјана, туку дека причината е сосема друга - цистичен тумор на панкреасот кој дава симптоми слични на хипотироидизам. На Билјана ѝ е сосема јасно дека нејзината состојба навистина делувала како хипотироидизам бидејќи навистина имала проблем со оток и дебелеење, дури и со постојан целулит, а во тој период чувствувала некаква вознемиреност и, како што вели, полудепресија.

- Сè уште работев две работи, но тоа беше една права линија за мене и сите ми велеа сита си од работа, долго време работиш на телевизија, немаш мотив, нема адреналин- изјави српската водителка која е запаметена по емисиите „City“ и „Билјана за тебе“, а која во светот на фудбалот од 2013-та година е позната како портпарол на ФК Партизан.

Објасни дека понекогаш по вежбањето би била толку уморна што не можела да стане, поради што си ги проверила половите хормони, а гинекологот ја пратил на абдоминален ултразвук, кој открил дека „има нешто огромно во стомакот“. Гастроентерологот, професорката Мира Смиљковиќ тогаш го открила проблемот и ја споделила изненадувачката вест со Билјана.


„Ги туркав емоциите под тепих“

Билјана признава дека иако е прилично силна жена, првиот месец често се будела навечер прашувајќи се што може да се случи. Операцијата и закрепувањето поминале одлично. Меѓутоа, подоцна се случило сите емоции кои ги „туркала под тепих“ да ѝ излезат кога најмалку се надевала, па помислила дека сега ќе ѝ биде тешко да истурка некој можен нов предизвик.

Иако со операцијата на Билјана ѝ беше отстранет еден дел од панкреасот, сите други органи останаа недопрени, што не е секогаш случај со оваа процедура, вели таа.

Сега еднаш годишно прави контролна магнетна резонанца и истакнува дека најважно ѝ е да го следи своето тело, како се чувствува, а како позитивна промена што ѝ се случила ја издвојува својата нова веганска исхрана со која неодамна се запознала.

- Во август бев на Богородичен пост затоа што ми рекоа дека би било добро телото малку да се исчисти, а Богородичниот пост е целосен растителен пост и е многу строг и видов фантастични промени во моето тело во рок од две недели - салото исчезна, мускулите останаа. Забележав дека кога ги исфрлив месото и млекото, веќе не отекував. Се чувствувам подобро, имам повеќе сила и така продолжив. Отпрвин бев збунета затоа што веганството ми беше целосна непознато.

Билјана признава дека понекогаш вклучува јајцата во исхраната, но дека суплементите со цинк и д3 и се многу важни, како и протеините:

- Протеин има во грашокот, гравот, наутот и другите мешунки, но мора да ги користите секој ден. Има и вегански протеини кои се користат после фитнес, па сè е застапено ако малку се прочита – ги поттикна Билјана сите оние кои сакаат да ги променат животните навики.


Извор: www.magazin.novosti.rs