Брачен пар се откажал од синот и снаата преку весник: За нас тие веќе не постојат

Добивај вести на Viber

Крунослава и Фрањо Шимповиќ од Хлебин во Хрватска решија јавно да се откажат од својот 45-годишен син „преку весник“.

Четири години, посочуваат тие, синот не бил во Хлебин и бидејќи внуците почнале да избегнуваат контакт со нив, тие одлучиле старата народна изрека „Ќе се откажам од тебе преку весник“ да ја спроведат во дело, пишува Подравски весник.

„Ние јавно се откажуваме од нашиот син, тој, заедно со снаата, едноставно веќе не постои за нас. Ќе сториме сè за законски да го „избришеме“ како наш син“, истакнуваат Крунослава и Фрањо Шимповиќ.

„Дури и кога беше студент, тој знаеше да нè навреди, особено мене. Ние бевме добри само кога му требаа пари. Ситуацијата се влоши откако се ожени. Во првите три години брак, нашата снаа беше добра, а после тоа сè се сврте и сстануваше се полошо и полошо“, вели Крунослава Шимповиќ.

„Секој повик во последните четири години завршуваше со сериозни навреди од нашиот син, и кога дојдовме да го посетиме, заедно со снаата, тој стори сé што можеше само за да не ги видиме внуците“, додаде таа.

„Внуците не обожаваат затоа што ги носевме насекаде и тие уживаа да поминуваат време со нас. Мојот син и снаа дури измислија дека живееме во Америка, па се обидоа да не одделат од внуците. Никогаш во последните четири години не крена слушалка да ни се јави и доста често не одговараше на нашите повици. Ми кажауваше сè и ме навредуваше толку многу што плачев цел ден “, се жали Крунослава Шимповиќ.

„Целосно сме скршени и не ни останува ништо друго освен да се откажеме од синот и снаата низ весниците“, заклучила Крунослава.

Синот не сакаше премногу да коментира за потегот на неговите родители.

„За мене е малку смешно и секој друг коментар поврзан со наводите на моите родители е излишен“, рекол кратко тој.


Извор: подравски.хр

Фото: Shutterstock