Британски математичар тврди: Сите корона честички во светот можат да се соберат во една лименка

Фото: Shutterstock

Сите честички од вирусот корона кои моментално циркулираат низ целиот свет може да се соберат во една лименка, пресметал британскиот математичар Кит Јејтс

Според пресметките на тој научник од Универзитетот во Бату, во моментов кружат околу два квинтилион, односно две милијарди честички од вирусот корона, пренесува Sky News.

Математичарот до таа бројка дошол комбинирајќи ги светските податоци за бројот на новоинфицирани и проценка на количината на вирус по лице, и врз основа на пресметка на големината на короната на вирусот, во просек 100 нанометри, го пресмета вкупниот волумен на вирусот.

Според Sky News, неговата работа покажува колку уништување можат да предизвикаат минијатурни честички од вирусот.

Во светот, скоро 108 милиони луѓе биле заразени со вирусот од почетокот на пандемијата на короната, а 2,6 милиони починале.


Фото: Shutterstock