Цеца се огласи за првпат по раѓањето на Крстан: Откри колку е тежок и каде ќе прави забава (ВИДЕО)
Малиот Жељко уште не знае дека добил брат...
Светлана Ражнатовиќ по сознанието дека се родил нејзиниот втор внук - Крстан, излезе од болницата и за спрските медиуми откри како се чувствува, но и колку е тешко бебето.
„Тежок е 4.200 грама и 54 сантиметри е долг! Ова е благослов од Бога! На денешен ден е роден и мојот покоен сопруг, денес Крстан и нека му е на здравје. Пресреќна сум, можам да полетам. Нема поголема среќа. Ќе славиме вечерва дома. Жељко знае дека ќе добие брат, но не знае дека го добил“ - им откри Цеца на медиумите низ насмевка.
За потсетување, целото семејство беше во болницата со Богдана. Семејствата Родиќ и Ражнатовиќ чекаа да заврши породувањето, а помеѓу нив беа мајката на Богдана, Даниела, сестрата Наташа, Цеца, нејзината сестра Лидија и Вељко.
фото: Принтскрин / Инстаграм