Цел Интернет вреска од реакциите на маж додека неговата сопруга се пораѓа: „Зошто мажите прават толкава драма“?

Жената го објави видеото и предизвика реакции кај луѓето кои го гледаа. Во видеото таа се пораѓа, а на породувањето присутен е и нејзиниот сопруг и предизвика лавина oд смеа.

Канаѓанката Даниела Форд на својот профил на TikTok објави урнебесно видео од нејзиниот сопруг и неговите реакции додека се пораѓа.

Имено, тој бил доволно храбар цело време да стои покрај неа и да ја држи за рака, но сепак се борел со она што го видел и да остане при себе. Тој го поставил телефонот за да можат да го снимаат целото искуство од доаѓањето на нивната ќерка на овој свет, но тој цело време се нервираше и се вртеше - и изгледаше како секој момент да ќе поврати.

@danielle.foord I have no words ... #ForTheLoveOfBeauty #getoverherechallenge #fyp #birth #baby #labor original sound - danielle.foord


Кога туркањето завршило, човекот конечно здивнал и брзопотезно седнал, односно за малку ќе паднал на столчето покрај креветот за да „одмори“.

– Оваа жена раѓа нов живот, а во исто време убива друг – се пошегува еден од коментаторите на ТикТок.

- Зошто мажите прават толку драма? - праша друг корисник на TikTok.

Има и такви кои мислат дека ова не е повод за шега.


Фото:  Printscreen/TikTok