Цела на мама: Ќерката на Биба Додева е вистинска убавица (ФОТО)

Емануела - ќерката на Биба Додева, е огромна поддршка на мајка си во она што таа го работи, и секогаш е дел и од нејзините хуманитарни проекти, како и во здружението за борба против рак на дојката „Борка".

Биба и Емануела се две неразделни другарки кои постојано се поддржуваат во сѐ, а покрај тоа и неверојатно многу си личат. Емануела е буквално копија на мајка си.

Пејачката објави фотографија од својата ќерка која е вистинска убавица.

Инаку Емануела е мајка на Хумберто Александар кој е роден во Португалија, а баба Биба често објавува фотки од внукот.


Во една прилика за медиумите, Биба раскажа дека истата љубов која ја чувствува за ќерка си, сега ја има и кон малиот Александар, и како баба гледа да е пример за сѐ. Првиот збор на внукот бил баба, а Биба е воодушевена и изненадена од посветеноста на Емануела, па ја смета за подобра мајка од себе, бидејќи стигала и да студира и да работи и да го чува синот.

Убавица: Биба Додева била прекрасна невеста (РЕТРО ФОТО)


Фотографии кои болат: Биба Додева позитивна на ковид-19, преку стаклото од прозорот го „гали“ внукот