Четири големи придобивки: Зошто е добро да си сингл

Ако сте депресивни од вашиот љубовен статус и паровите околу вас, оваа приказна може да ви го крене расположението.

Според порталот „Танго“, ова се четирите главни придобивки што ги носи еден живот на сингл девојка:


Вие сте во добра форма

Една студија од Велика Британија открила дека дури 62% од паровите се дебелеат до 15 килограми откако имаат посериозна врска затоа што се опуштени, јадат повеќе нездрава храна и се движат помалку. Додека самците, од друга страна, имаат поголема мотивација да јадат здраво и да тренираат, како за своја корист, така и за да привлечат потенцијален нов партнер.


Имате подобар социјален живот

Ако сте сингл, сигурно нема да одбиете вечер излегување со караоке со пријателите или може да излезете спонтано, што може да ви донесе многу повеќе забава и авантура отколку да легнете и да гледате филмови со вашиот дечко, нели?


Вашиот сексуален живот е подобар од кога било

Според истражувањето спроведено на порталот „Match“, дури 49% од лушето кои се сингл прават дополнителни напори за време на сексот за да ја импресионираат личноста со која се дружат. Од друга страна, паровите во посериозна врска честопати влегуваат во рутина, што предизвикува страдање на нивната интимност.


Имате подобри шанси за промоција и унапредување

Лушето кои се сами, се главно само-фокусирани, што резултира во дополнителен напор во кариерата и со поголеми шанси да бидат промовирани или да добијат подобра работа на различно работно место.