Четири жени ја тешат кралицата додека тагува за Филип: Не е ниту Кејт, а ни Камила

Добивај вести на Viber

Откако во петокот Бакингемската палата соопшти дека почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, следуваа пораки за сочувство и поддршка од сите краеви на светот. Меѓутоа, само одреден број луѓе се најдоа покрај кралицата во моментот на голема тага, а помеѓу нив се и четирите лојални жени.

Низ солзи, грофицата од Васекс ја опиша кралицата како „неверојатна“ додека таа и нејзиниот сопруг ја тешеле во Виндзор.

Двојката прва ја посетила кралицата во моментот на голема тага, а додека го напуштале замокот, Софија била видно вознемирена.

Таа е една од четирите лојални жени, дискретна и од доверба, која ја тешеше кралицата додека се соочува со животот без својот сакан Филип.

Исто така, во оваа основна група на луѓе од доверба се и нејзината ќерка, принцезата Ана, Памела Хикс, пријателка од детството на кралицата и стилиската на кралицата, Анџела Кели, пренесува Daily mail.

„Софија на кралицата ѝ е како втора ќерка, многу се блиски. На неа ѝ верува и на неа се потпира, како на уште неколку други“ - откри извор близок на кралското семејство.

Кралицата Елизабета и Софија се слушаат барем еднаш во текот на денот, а секое саботно попладне редовно уживаат во старите филмови.

Меѓутоа, вчера имаше сосема поинакво расположение, а британските медиуми пренесуваат дека Софија, расплакана, со црвени очи, низ спуштениот прозорец од автомобилот истакнала дека „кралицата е неверојатна“.

Говорејќи за четирите најблиски жени на кралицата, изворот од кралското семејство кажа дека „она што сите тие го делат и крајната посветеност на Нејзиното Височество, но и способноста да бидат исрекни кон неа - нешто што е ретко во кралските семејства“.

Трипати разведената Анџела Кели (62) е ќерка на возач на виљушкар и е израсната во куќа на советот во Ливерпул.

Но, сега е толку блиска со кралицата што напиша и две книги со одобрение од кралицата и живее во дворецот Виндзор.

Има прекар АК-47, на основа на своите иницијали и по примерот на советската пушта.

„Ја сакам кралицата и сѐ во врска со неа. Во текот на годините ми дозволи да станеме поблиски. Зборуваме за облека, шминка и накит. Ние сме две типични жени“ - во една прилика кажа Кели.

Леди Памела (91), ќерката на лорд Лиуис Маунтбатен, ја познава Лилибет откако била тинејџерка, кога младата Елизабет се заљубила во Филип, роднината на Памела. На нивната венчавка во 1947 година била деверуша. Била со нив и во Кенија во 1952 година, кога почина кралот Џорџ IV. 

Принцезата Ана (70) по својот карактер потсетува на Филип. 

„Таа продолжува со тоа - никогаш не се жали“ - напиша еден биограф. 

За својата мајка, кралицата Елизабета, Ана вели дека е „извонредна“.

Она што е интересно е дека во овој круг на блиски луѓе не се наоѓаат ни Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, внукот на кралицата Елизабета, а ни Камила, сопругата на нејзиниот син, принцот Чарлс.

фото: Tanjug/AP / Tim Rooke/Shutterstock Editorial/Profimedia/ Rupert Hartley/Shutterstock Editorial/Profimedia/ Glyn Kirk-AFP/POOL supplied by Splash News/SplashNews.com/Splash/Profimedia