Црни дијаманти, злато и долари: Погледнете ја најскапата елка во светот!

Добивај вести на Viber

Менаџментот на шпанскиот хотел Kempinski Bahia одлучи токму тие годинава да ја имаат најскапата елка во светот. Новогодишното дрво е виоко скоро шест метри, а е украсено со розеви, црвени, бели и со црни дијаманти. Овалниот дијамант вреден 5,5 милиони долари е највредниот украс на елката на која е поставен и орнамент од розов дијамант проценен на 2,6 милиони долари, како и девет украси изработени од црн дијамант за кои се верува дека „тежат“ 590.000 долари по парче. На елката се поставени и бројни други рачно изработени украси меѓу кои е и топче направено од дијаманти во прав и 24 каратно злато на луксузни произведувачи како Булгари, Картие, Шанел..

Можеби најекстравагантниот дел на елката се божикните топчиња во чиј средишен дел се наоѓаат лажни банкноти, а кои се опкржени со 24 каратно злато вредно 1,3 милиони долари.

Елката ја осмисли славната британска дизајнерка Деби Вингам која пред неколку години го привлече вниманието на светската јавност како авторка на најскапата свадбена торта чија вредност беше проценета на 75 милиони долари. Таа минатата година ги изработи и најскапите чевли со високи потпетици направени од розеви и плави дијаманти вредни 17 милиони долари.

Американскиот магазин Њујорк Пост нагласи дека со вредноста на украсите на оваа елка би можело да се осигурат доживотни резерви на чиста вода за цел град во афричката држава Танзанија. Колку за споредба, една од најпознатите елки во светот пред њујоршкиот Рокфелер Центар чини 74.000 долари.

Најскапото божикно дрво во светот е она во хотелот Emirates Palas во Абу Даби вредно 11 милиони долари кое во 2010 година влезе во Гинисовата книга на рекорди. Сѐ уште не се знае со сигурност дали шпанската елка ќе успее да се квалификува за нов рекорд.