Да бидеш секси нема рок на трање: Супермоделот од 80- те одржа лекција, соблекувајќи се гола

Дека се чувствува многу добро во своето тело, 55-годишната Паулина Поричкова уште еднаш покажа позирајќи целосно гола во нејзината спална соба. Причината што реши да го стори тоа во моментов е јавната осуда на Елизабет Харли за нејзината последна топлес фотографија

Дека е и самоуверена поради своето тело, Паулина Поричкова покажа објавувајќи на својот профил на Инстаграм фотографија на која позира целосно гола, додека во објавата објасни како била инспирирана од топлес фотографијата на нејзината врсничката Елизабет Харли која јавноста ја осуди.

‘Кога имав дваесет и триесет години, колку помалку партали носев, толку повеќе станував популарна. Во четириесеттите години можев скоро да шетам гола и да не добијам ништо повеќе од најмала казна за инцидент во јавност. Но, во педесеттите години, ме навредуваат за сè: „Облечи се, баба“, „Сакаш внимание, нели?“, „Малку си очајна?“, Мизерна си “..., напиша таа и додаде:

View this post on Instagram

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)


‘Зошто голотијата и секси изгледот се добредојдени во младоста на жената, а се забранети во нејзините зрели години? Заради мажите. '

Својата долга објава ја заврши со хаштагот „секси е без рок на траење“ 

Извор: Стил Курир