„Да замрзнам под мост и да умрам, на моите нема да им биде гајле“: Вака зборуваше братот на Мадона за своето семејство и познатата сестра
Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина пред неколку дена на 66-годишна возраст, објави неговиот зет. Долго време се шпекулира дека поп-ѕвездата и нејзиниот брат се во лоши односи, но што всушност рече тој за својата позната сестра?
Ентони Чиконе со години живеел бездомник под мост во Мичиген. Се случивало тој да биде во толпата додека неговата сестра пристигнува на гала настани со скапи автомобили. Ја гледал од далечина.
„Дејли мејл“ го интервјуираше Ентони во 2011-та година и во тоа интервју беше нагласено дека тој спиел под мост додека неговата сестра поседува куќички ширум светот, вредни милиони фунти. Овие имоти вклучувале шест куќи во Лондон, додека Чиконе го чувал целиот свој имот во пластична кеса.
Огромната разлика меѓу начинот на живот на сестрата и братот покрена многу прашања.
Во времето кога новинарот на „Дејли Мејл“ разговарал со него, Ентони Чиконе бил бездомник 18 месеци откако ја изгубил работата во винаријата на неговиот татко.
„Ако замрзнам до смрт, моето семејство нема да знае за тоа шест месеци или да се грижи“, рекол тој, додавајќи: „Моето семејство мисли дека рехабилитацијата е како магично стапче за сите болести“.
Ентони изјавил дека во 2005-та година бил на лекување и дека Мадона платила двомесечен престој во центар за рехабилитација за да го надмине алкохолизмот.
Зборувајќи за својата сестра, тој се присети на смртта на неговата мајка во 1963-та година. Тој рече дека тој и Мадона биле единствените кои ја виделе својата мајка во отворениот ковчег и дека како деца им било исклучително тешко.
Открил дека ловец на сувенири ја украл последната фотографија на неговата мајка. Тој додаде за неговата сестра:
- Се мразевме еден со друг - ривалство помеѓу браќа и сестри, претпоставувам. Беше кучка, исто како што е сега. Таа останува доследна на тоа. Мора да ѝ се даде признание за нејзината доследност“.
Тој се присети како Мадона „ги носела момците додека нивниот татко не бил дома“. Еден од нив го исфрлил надвор за да ги заштити своите помали сестри и браќа. „Таа никогаш не ми прости за тоа“, рече тој.
Како што рекол, таа за него била „досадна сестра, но е Лав (во хороскоп) и секогаш мора да биде во центарот на вниманието“.
„Горд сум на сестра ми - но тоа е товар, бидејќи не можам да бидам јас. Морам да бидам поврзуван со славна личност. Луѓето имаат свои идеи и очекувања. Мојата сестра е мултимилионерка, но тоа го заработи сама морам да ѝ дадам заслуга за тоа. Но, некој би помислил дека ќе има малку полојално семејство, а тоа не е така“.
На прашањето како би сакал неговата сестра да покаже дека се грижи за него, тој одговорил: „Само да комуницираме, би било убаво“.
Ентони Чиконе коментираше дека не ја слуша често музиката на Мадона и дека неговата сестра е ужасна актерка, но одличен шоумен и деловна жена. Тој изјавил и дека е пријател со нејзиниот поранешен сопруг Шон Пен и дека му е жал кога пејачката се развела од Гај Ричи бидејќи бил среќен кога таа е во стабилна врска.
Мадона има уште тројца браќа и три сестри.
Извор: zena.blic.rs