Дали Миле и Бончо се новите газди: Почнува четвртата сезона на „Преспав“
Пансионот е полн, гости
има од цел свет, англискиот ни е подобрен.. Се чека само да почнеме! Ова е најава за денешната
епизода, што најслучајно се вика “РЕКЕТ“. Вака продуцентите одлучија да ја
најават новата четврта сезона на популарниот ТВ-серијал „Преспав“ која
почнува вчерва на МРТ1 во 20:15 часот.
Во пресрет на новата сезона, минатата недела „Женски
магазин“ направи интервју со Тијана Дапчевиќ која ја игра една од главните
улоги. Ни откри дека популарната Ула ја крши кризата на
средни години и дека и понатаму бескрајно бара внимание и љубов од Коста. Сепак, не сакаше да ни открие дали Миле и Бончо се новите газди на пансионот.
- Пази да не ти кажам кои се газди во „Преспав“ - на шега ни искоментира таа.
По гостувањето во претходната сезона на познатата бугарска актерка Јана Маринова, интересни гостувања од регионот ќе има и овојпат, а меѓу нив е и докажаниот српски актер Никола Којо.
Серијата која по три емитувани сезони стана омилено семејно шоу кај нас, од неодамна почна да се прикажува и на бугарската национална телевизија.