Дали подметнувањето пожари треба да се казнува како терористичко дело?

Големиот број на пожари кои ја сардисаа Македонија се дело на подметнувачи пиромани кои намерно ги предизвикуваат огнените стихии. За дел од пожарите веќе истражните органии имаат основани сомнежи дека се подменати. Едно ливе е приведено како осомничено за подметнување пожар во гостиварското село Пожаране. Станува збор за државјанин на Албанија кој нелегално престојувал во земјава.

Исто така осомничен има за подметнување на пожарот во селото Старо Нагоричане во кумановскиот регион, а две лице се осомничени за пожарот во Блаце. Огромните штети како и загрозувањето на безбедноста на граѓаните се повеќе го зголемува гневот кај јавноста. Се погласни се барањата за построги законски одредби со кои подметнување шумски пожар ќе се третира исто како тероризам.

Сликите кои ги гледаме од регионот на Пехчево, Делчево и Берово делуваат како да се случил терористички напад со оглед на пустошењето кое го предизвикаа пламените јазици. Сепак, дел од експертите сметаат дека актуелниот Кривичен Законик е доволен за гонење на сторителите кои ќе предизвикаат шумски пожари со масовни последици.

Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк