Дали утре започнува училишната година за учениците: Наставниците со одговор

Веднаш по прес-конференцијата на министерот за образование Арбер Адеми, брифинг одржа и СОНК а од синдикатот како последен став пред утрешниот предупредувачки почеток на новата училишна година ги повика наставниците да не ги превземаат учениците.

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, најавувајќи го утрешниот предупредувачки штрајк, изразувајќи незадоволство од покачувањето на платите за 5 отсто, тврди дека просветарите утре нема да ги примат децата во училиштата.

„Сите наши членови ќе дојдат на работа, ќе бидат во една просторија додека трае работниот ден, но нема да ги прифатат децата кои ќе дојдат на училиште. Ова ќе биде предупредувачки штрајк. Од вторник наставниците ќе одржуваат настава, но бараме преговори со Владата за исполнување на нашето барање за покачување на платите на просветните работници за 25 отсто. Ако до крајот на септември не се исполни нашето барање, во октомври ќе излеземе на штрајк“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Министерот за образование, Арбр Адеми, на денешната прес-конференција рече дека МОН и Владата остануваат на ставот дека утре наставниците треба да си ја завршат рабоптата, а родителите и учениците да дојдат на првиот училишен ден од новата учлилишна година.

„Ние ги почитуваме одлуките на СОНК и на било кои одлуки. Учениците да бидат ви училиштето. Решение ќе има, ќе има и идно покачување на платите. Наставниците да си ја завршат работата, а родителите и учениците да дојдат во училиште“, нагласи министерот.

Адеми наведе дека не се памети кога некој синдикат организирал штрајк во услови кога им се зголемуваат платите на работиниците.