Дали во борбата за егзистенција може да ни се случи синдромот на „прегорување“ од работа?

Многу македонски граѓани поради лошиот стандард во државата, со години се принудени освен основната работа, да бараат и дополнителни извори на приходи, што физички и психички ги истрошува. Сега во време на енергетска криза  и инфлација, граѓаните бараат начин да заработат некој денaр плус, со дополнителен ангажман за време на викендите или по завршувањето на работното време.

Овие обврски ги туркаат граѓаните во трка со времето. Трпи личниот живот и семејството. Потребна е поголема концентрација за да навреме ги завршат сите работни задачи.

„Во ова време на инфлација и уште повеќе време на социо-економска и здравствена криза, стравот стана доминантна и пролонгирана емоција кај повеќето од луѓето. Стравот е вродена и корисна емоција, која ни помага да преживееме и да се развиваме доколку ситуациите во кои се јавува (како одговор на реална или антиципирана опасност, закана и несигурност) имаат разрешница. Но, во изминативе години за жал се случува токму спротивното: секојдневни „закани“ по основните човекови права и потреби за топол дом, немање соодветни (основни) работни услови, здрава храна и неопходен одмор; неизвесност за иднината, постојан страв, финансиска и здравствена несигурност и „борба за преживување“. Во оваа „борба за преживување“ и обезбедување дополнителен приход, многумина работат и многу повеќе од законски предвидените 40 часа неделно, што претставува сериозен ризик за психо-физичкото здравје на работникот. Поточно, прекувременото работење, од над 55 часа неделно, го зголемува ризикот за депресивност, хроничен умор и стрес, анксиозност, нарушувања во спиењето и апетитот, хипертензија, зголемено конзумирање на алкохол, цигари и други супстанци, зачестени повреди на работно место“, вели психологот Билјана Атанасовска.

Детали читајте на Фактор тука.