Дара Бубамара со една фотографија кажа сè: Дојде ли крај на љубовта со младиот Тони

После долго време, некој ме гледа како кралица. Ме гледа како вистинска жена. Имам убаво чувство со него. Ретко кој е доминантен кон мене, но и тоа се случи, изјави неодамна пејачката

Српската пејачка Дара Бубамара (44) „крена прашина“ откако влезе во врска со своето 24-годишно и богато момче Тони. Разликата во возраста не им е важна.

Младото момче ја носеше Дара на неколку луксузни патувања, а со него се чувствуваше како кралица. Но, има гласини дека завршила љубовната идила.

Српските медиуми пишуваат дека раскинале и дека завршила нивната романса. Двајцата ги избришаа сите споделени заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Дара и Тони објавија фотографии од патувањето и јавно покажаа колку уживаат во врската, но сега ниту еден од нив ја нема таа фотографија на својот профил на социјалните мрежи. Сепак, пејачката го следи своето поранешно момче на Инстаграм, и тој ја следи неа.

- По долго време, некој ме гледа како кралица. Ме гледа како вистинска жена. Имам убаво чувство со него. Тешко е некој да биде доминантен кон мене, но и тоа се случи - изјави неодамна пејачката за српските медиуми.

Но, Дара реагираше и објави фотографија на Инстаграм Стори со Тони. На фотографијата тие уживаат во егзотично место, но пејачката не ги откри деталите.


Фото: Инстаграм/darabubamara_Official