Дарко Лешоски: Нешто што може да ја врати повторно, некогаш изгубената љубов

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

„Anacampserote“ –(именка), потекло: Грчки јазик:  Анакапсироте(и) е  нешто што може да ја врати повторно, некогаш изгубената љубов

Врати се кога ќе го најдеш оној што многу има, а самиот не бил ништо никогаш

Врати ми се кога ќе научиш да се насмеваш и да молчиш кога си среќна, а да се смееш кога боли.

Врати ми се кога душата со себевина ти ќе престанеш како бавча да си ја копачиш и ораш

врати ми се кога ќе ти никнат од моите солзи дури те немав цвеќиња од неа.

Врати ми се кога ќе научиш дека може да те повреди само оној на кој му си дозволила, а си му дозволила изгледа зошто го сакаш.

Врати ми се кога ќе научиш дека Јуда си го одзеде животот пред Исуса сам, врати се кога ќе научиш дека оној кој повредил некогаш од повредениот повеќе свесно пострадал.

Врати се кога ќе научиш дека не е чудо слеп човек да прогледа, ами да видиш со свои очи како Бог на својот грешен син мир му дава

Врати се кога ќе научиш оган со оган да гасиш и  вода со вода да измиваш 

кога ќе згрешиш да се извинуваш искрено, тивко и од дното на душата. 

Врати ми се како бабата по девојчето со кибритчињата – макар откога мртов јас ќе бидам. 

Врати се да видам како се отворило небото кога Јован Исуса го крштевал

Врати се изненадно од нигде никаде како по заборавени кључеви на маса

Врати се со она што е мое,

Врати се по она што е твое... а јас никоја што не го давам!"

Благодарност за Златко Ориѓански за музиката.