Се „шекнаа“ по него кога се појави на Евровизија: Татко е на 4 деца и денес изгледа неверојатно
Фото насловна: Youtube/screenshoot
Со песната „Shake It“ ги освои срцата на европската публика
Во 2004 година, ретко кој можеше да го тргне погледот од грчкиот претставник на Евровизија. Сакис Рувас го освои третото место во популарната конкуренција и постигна голема слава, а 16 години подоцна тој сè уште е голема sвезда во својата матична земја.
Со песната „Shake It“ ги освои срцата на европската публика, која можеби посвети поголемо внимание на неговиот изглед.
Жените кои гледаа Евровизија таа вечер не ја криеја фасцинацијата од изгледот на Сакис.
Иако не победи на натпреварот, Рувас стана огромна sвезда низ цела Европа.
Следуваа приказни за неговата сексуална ориентација и многумина тврдеа дека пејачот е хомосексуалец. Тие приказни сè уште можат да се слушнат и денес, иако Сакис има четири деца од бракот со манекенката Катја Зигулис.
Деновиве, Рувас не се занимава исклучиво со пеење, но се обиде и како член на жирито на грчкиот „Икс фактор“.
Тој исто така краток период се занимаваше и со глума, а отвори и ресторан за суши, a имаше и многу познат клуб кој изгоре во пожар пред десет години.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Направи бум на Евровизија, а потоа исчезна од светската сцена: Руслана денес изгледа непрепознатливо (ФОТО)