Денес се регистрирани само 5 нови пациенти со Ковид-19, излекувани се 95 лица

Во изминатото деноноќие Институтот за јавно здравје регистрирал 95 оздравени пациенти од Ковид-19. Додека, во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се само 5 нови случаи на коронавирус во земјава, двајца во главниот град, и по едно лице во тетово, Прилеп и Куманово.

Од почетокот на пандемијата до денес се направени вкупно 17.246 тестирања за Ковид-19, информира министерот Венко Филипче.

Во Гратската Општа Болница „8 септември“ починал пациент од Куманово на возраст од 94 години, а денеска институтот регистрирал и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 мај чиј постпортем брис покажал присуство на вирусот.