Девојчето кое остана без рака во престрелката кај Младеновац, ќе добие протетска: Државата ќе ги покрие сите трошоци
Директорката на РЗЗО Сања Радојевиќ Шкодриќ вели дека секојдневно е во тек со состојбата на повредените пациенти
во двата масакри. Истакна дека нема потреба да се собираат
пари за протеза - раката за девојчето кое остана без
неа по пукањето во Младеновац, туку дека државата и РФЗО ќе и купат.
Кобниот ден, девојчето било примено со рани во раката и двете нозе, при што по брза интервенција поради сериозноста на повредите, раката и била ампутирана.
-Таа сега закрепнувана интензивна нега. За раката ќе биде потребна протеза, но неопходна е модерна протеза. Постојат неколку видови, а нашите лекари сè уште одредуваат кој тип е најдобар. Моментално се разговара за два вида, се консултираат и со колеги од странство, па така ќе донесеме одлука која е најдобра, и што ќе и одговара колку што е можно повеќе. Ќе ги обезбедиме сите средства, не само протезата, туку и финансирањето за доаѓање на експерти од странство - рече Шкодриќ за српските медиуми.