Животна училница // Приказни
Девојчињата да запомнат во што веруваат: Мила Царовска за титулата „Жена на годината“
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одлучи да им се обрати на дамите откако вчера беше прогласена за „Жена на годината“ на првиот македонски избор во рамките на конференцијата „200 жени претприемачки“.
- Ви благодарам од сѐ срце за ова признание! Наградата ја посветувам на сите жени, но најмногу на девојчињата. Им порачувам да запомнат во што веруваат и без разлика кој сѐ ќе им кажува дека тоа е непотребно, неважно, спротивно на очекувањата на општеството, да продолжат да веруваат и сигурно ќе успеат - напиша Царовска на „Фејсбук“.
Комплетната листа со овогодинешните лауреати во изборот „Жена на годината“ можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.
Фото: Официјален фејсбук-профил на Мила Царовска