До 11-та година имав пет операции: Џесика Алба за пневмонијата и хроничните болести кои ѝ биле дијагностицирани како дете

Добивај вести на Viber

Малкумина знаат каква всушност приказна, крие една од најубавите жени во светот - Џесика Алба проговори за здравствените проблеми кои ѝ се јавиле додека била девојче.

Актерката имала бројни здравствени проблеми како дете, била хоспитализирана неколку пати и честопати била отсутна од училиште.

Големата холивудска sвезда, актерката Џесика Алба плени каде и да се појави, а малкумина знаат каква приказна крие оваа дама. Имено, таа призна дека имала здравствени проблеми како дете, и дека имала пет операции до 11-годишна возраст поради хронични болести.

Како дете, Џесика имала проблем со недостаток на воздух, поради што ѝ се распаднале белите дробови, а откако двапати се борела со ова, добила пневмонија, од која страдала пет пати за една година. Но, тоа не е сè, таа имала и цисти на крајниците и опсесивно-компулсивна неуроза, а поради лошата здравствена состојба честопати пропуштала училиште, и дружби.

- Мајка ми имаше рак на многу рана возраст, во раните дваесетти години. Јас пораснав со хронични болести. Имав пет операции пред 11-та година и хронични алергии, а како дете бев многупати хоспитализирана.

Актерката поради проблемите што ги имала како дете, се труди повеќе внимание да им посветува на своите деца, а во 2008 година, кога Алба стана мајка, нејзината главна грижа беше здравјето на нејзината ќерка Онор, а глумата ја остави настрана.

- Сакам да живеам и да напредувам и да поминувам што е можно повеќе време со оваа мала личност што ќе ја донесам во светот. Моето здравје е важно. Сакам оваа мала личност да биде здрава, бидејќи навистина е тешко да се биде среќен кога не сте здрави - изјави Џесика Алба во интервју за „Бусл“ тогаш.

извор:24sedam.rs

Поврзани вести:

-Џесика Алба ја открива нејзината утринска рутина за нега на кожа
-(ФОТО) Џесика Алба во сандали од кои жените не се одвојуваат