„Додека бев со Пријовиќ цело време имав силно чувство дека нешто ќе се случи“: Перучица за врската која сè уште ја интригира јавноста
Неодамна во една
српска емисија, пејачот Љуба Перучица ја раскажа својата животна
приказна, а дел од неа беше и Александра
Пријовиќ. Популарниот пејач денеска ужива во хармоничен брак со својата
долгогодишна партнерка Катарина Колозеус.
Пред Катарина, по натпреварот „Ѕвезде Гранда“, Љуба Перучица беше во емотивна врска со Александра Пријовиќ, и важеа за едни од најпопуларните двојки.
„Тогаш имаше многу парови во Гранд, заедно бевме две години. На луѓето им беше интересно, додека траеше - траеше, кога престана, застанавме и тоа е тоа. Врски имаше и пред и после тоа“, изјави Перучица.
Тој ја коментираше врската со Александра Пријовиќ, а се навраќаше на нејзините амбиции кои ги имаше во тој период и рече дека можел да го насети нејзиниот успех.
„Разговаравме за тоа кога бевме заедно, таа уште тогаш знаеше дека ќе се случи нешто големо, не само таа, туку и јас знаев и имав силно чувство дека ќе биде така. Прво, таа пее неверојатно добро, тоа е талент со кој сте родени. Така пеела на 7 и на 13 години. На второ место се песните што ги избирате и како истите ги интерпретираше. А и среќата е важен фактор во сето тоа. Кога ќе се поклопат коцките, тоа функционира одлично“, истакна Перучица.
Фото:screenshotr