Додека Цеца и Вељко се во самоизолација, Анастасија Ражнатовиќ прави милиони

Цела естрада во соседна Србија е во паника, откако пред два дена се огласи фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ дека е позитивна на Ковид-19. Паниката е оправдана, бидејќи голем дел од српската естрада присуствуваше на прославата по повод раѓањето на Жељко, внукот на Цеца. За првиот син на Вељко и Богдана беше организирана голема прослава, како бајка, на која присуствуваа голем број на роднини, пријатели и голем дел од пријателите на Цеца  од естрадата.

Откако стигнаа резултатите за Цеца и Вељко, дека се позитивни на коронавирусот, двајцата се во самоизолација.

Додека, Анастасија, која исто така беше на прославата е негативна на вирусот Ковид-19 и моментално е во Нови Сад. Оваа цела ситуација не ја сопре да реди нови успеси. Последен доказ за тоа се милионот следбеници кои ги собра на Инстаграм.

Ова зборува за популарноста на Анастасија и за тоа колку луѓето сакаат да бидат поблиску со нејзиниот живот.


https://zenskimagazin.mk/bogdana-i-bebeto-se-testiraa-na-kovid-19-semejstvoto-raznatovikj-zagrizeno