Доказ дека Меган лажела во интервјуто кај Опра: Објавен документ кој ја открива вистината за венчавката

Добивај вести на Viber

Меган Маркл (39) шокираше многумина во големото интервју со Опра Винфри кога рече дека се омажила за принцот Хари три дена пред венчавката и официјалната церемонија што беше следена низ целиот свет, но сега протече документ во јавноста што јасно докажува дека тоа не е вистината.

Станува збор за нивниот венчален лист, што британскиот „Мирор“ го доби од матичната служба.

Тој потврдува дека формалностите се случиле на 19.05.2018 година во замокот Виндзор. Официјалното лице кое ја изготвило лиценцата за брак за Меган и Хари вели дека војвотката очигледно е малку збунета во врска со бракот затоа што изјавила дека тие се венчале во нивниот двор три дена пред споменатиот датум.

- Жал ми е, но Меган е очигледно збунета и дезинформирана. Не се венчаа три дена порано пред надбискупот во Кантербери. Посебната дозвола што им помогнав да ја состават им овозможи да имаат свадба во капелата Свети Ѓорѓи во Виндзор, што се одржа на 19 мај 2018 година, церемонија што ја виде целиот свет и беше официјална венчавка, признаена од Црквата и законот - рече тој службеник.

„Претпоставувам дека тие можеби размениле некои едноставни завети што самите ги напишале и ги кажаа пред архиепископот, но тоа веројатно било обична проба“, изјави поранешниот канцелариски службеник Стивен Бортон за „Сан“.

- Знаете, ние всушност се венчавме три дена пред нашата венчавка. Никој не го знае тоа. Заветите што се врамени во нашата соба беа разменети само меѓу нас двајца пред надбискупот во Кантербери во нашиот двор - изјави Меган во големото интервју.

„Само ние тројцата“, додаде Хари, потврдувајќи ја изјавата на Меган дека тие го замолиле архиепископот да ги венча приватно во нивниот дом, но Бортон сега им потврди на медиумите дека тоа всушност не е можно и објасни зошто.

- Тие не можеа да се венчаат во Нотингем затоа што тоа место не беше овластено за свадби и немаше доволно присутни сведоци. Не е можно само три лица да бидат на венчавката, тоа не е валидна церемонија - рече тој.


Може да ве интересира:

Меган и Хари ќе завршат со развод: Полусестрата на војвотката од Сасекс шокира со изјавата