Педијатарот др. Несторовиќ тврди: Многу учиме, а знаеме толку малку

Иако отсекогаш повеќе го интересирале општествените науки, посебно психологијата, запишал природно-математички правец во Обреновачката гимназија, каде и покрај огромната страст кон музиката и спортот бил најдобро момче. Војничкиот систем кој гимназијата им го наметнувала на момчињата се покажал како плодоносен бидејќи од тој период излегле многу успешни генерации. 

 „Многу работи кои во младоста ти сметаат, дисциплината која се наметнува или одлуките за кои мислиш дека те ограничуваат на крај се покажуваат како добри бидејќи формираат поцврст карактер“, вели др. Несторовиќ

 Во гимназијата се занимавал со спорт и секогаш замислувал дека животниот повик ќе му биде музика или психологија, но кормилото за одлучување во понатамошното школување ја преземал неговиот постар брат: во отсуство на Бранимир ги предал документите за упис на Медицински факултет и така, сакал-не сакал, тргнал по патот кој изгледа морал да се случи. Како што напоменува, медицината му ја одземала музиката и спортот, тоа се жртвите кои морал да ги поднесе во текот на школувањето. Љубопитноста и подготвеноста да се ангажира не го напуштиле ни во текот на студиите, па запрашан како успевал да ги помири интересите од таканаречените гранични области и официјална школска медицина: 

„Многу тешко, бидејќи нашиот факултет е репродуктивен по карактер. Нема развој на мислења, ни иницијатива. Медицината е уметност, или тоа би требало да биде. Тука најголемиот број на одлуки се носат интуитивно, а не по светски препораки. Постојат болести кои може да се лекуваат понекои стандарди, но повеќето заболувања се лекуваат сосема инстиктивно. Ако го набљудуваш животот, гледаш дека тој е фантастична интеракција од различни правци, школи, мислења и влијанија. Меѓутоа, официјалната медицина таа интеракција која раѓа интуитивно лекување едноставно не може да ја прифати. Опкружен со силни, брзи и енергични луѓе, ниту тој не можел да созрева поинаку. 

„Доста сум свесен за моите маани, знам дека сум тежок и се обидувам на луѓето околу себе да им олеснам. Поради својата енергија и природа имав проблеми бидејќи често влегував во судири, но ми беше и уште ми е невозможно да не укажам на глупоста и бесмисленоста бидејќи тие маани не се безизлезни“. 

И во изборот на специјализација кај др. Несторовиќ братот имал клучна улога, па педијатријата станува главен избор: 

„Кога дојдов на педијатрија, првите седум дена често ме болеше глава бидејќи овде без престанок некој плаче, секогаш има некоја врева. Мислев дека нема да можам да го издржам тоа. Меѓутоа, сега не можам да работам со возрасни. Децата не фолираат, не се обидуваат да остварат корист и имаат развиена емпатија. Со нив е прекрасно да се работи, тие се отворени и кај нив може да се прифати емпатиски пристап. Потоа, децата навистина сериозно го сфаќаат своето лекување, ја знаат дијагнозата и која терапија ја земаат. Често ги потценуваме, а навистина не би требало тоа да го правиме“.

Различните интереси го воделе до фантастични увиди кои влијаеле на тоа дека тој денес е лекар каков што е: посветен на човекот како целина, а не збир од посебни делови. Рано се заинтересирал и за научни парапсихологии. 

„Бев толку заљубен во една девојка која се занимаваше со парапсихологија што духовите не ми сметаа, а со таа област поблизу се запознав на првата катедра за парапсихологија во Европа. Ние запазуваме само мал дел од реалноста и тоа го прифаќаме како дадено, додека всушност околу нас се одвиваат безброј процеси кои ни бегаат но значајно влијаат. Физичарите и ден-денес спорат околу тоа дали ние навистина постоиме или сме нечија идеја. 

 (Дел од интервјуто за магазин Сенса, во 2014-та година)