Џамбо Агушев стана татко по четврти пат: Ја покажа ќеркичката и го откри нејзиното име (ФОТО)

Македонскиот, а светски познатиот трубач, Џамбо Агушев, по четврти пат стана татко.

Агушев го сподели и името кое со неговата сопруга го одбрале за штотуку родената ќеркичка. 

-Добредојде мила ќерко, Алина - напиша тој покрај фотографиите од болница со сопругата и новородената ќерка.

Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак 12 години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги, синот Мерт, ќерката Мелинам која ја добија пред две години и сега новородената ќеркичка Алина.

View this post on Instagram

A post shared by Cambo Agusev (@camboagusev_new_official)


Фото: Фејсбук

Иста како татко и: Порасна ќеркичката на Џамбо Агушев


Искрено со маестро Џамбо Агушев: Ако облеката одговара на духот на личноста, сигурен сум дека тука нема никаква причина за некакво осудување