Ед Ширан го најави своето пензионирање пред фановите за време на неговиот последен настап од турнејата на која е веќе 2 години.
„Како што знаете или пак не, веќе две години сум на турнеја, а ова е последениот ден од целата работа. Ве сакам сите и ви благодарам што сте тука да ја завршиме турнејата како што треба. Ова ми е последната забава после 18 месеци.
Ова е доста емоционален ден за многу луѓе кои работат овдека. Дури помалку, на некој чуден начин, доликува на раскинување со девојка со која си бил со години. Звучи чудно, но ова беше навистина долга тура.
Сакам да ви се заблагодарам на сите што бевте дел од мојата тура. Ви благодарам на сите што ми дадовте шанса. Ова е мојата последната песна“ – изјави Ед Ширан.