Животна училница // Приказни
(ФОТО) Една година до сребрена свадба: Тања и Предраг слават годишнина
- 30 Септември, 2019
На денот на верата, надежта, љубовта и нивната мајка Софија стапиле во брак Лидија Кочовска и Предраг Павловски. Денес тие одбележуваат 24 години брак.
Се познавале уште од студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг. Во 1994 година на покана на Љубомир Чадиковски познатата актерка и пејачка почнала со работа во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци во ансамблот дошол и Павловски.
Плод на нивната љубов е ќерката Нела која има 23 години.
За годишнината Кочовска се пофали на својот фејсбук профил.